X
 26.02.2016 Живот

Мистериозни НЛО фотографии од минатото

После конфузијата во Лос Анџелес на 25 февруари 1942 година, извештајот од западната команда за одбрана бил уште поконфузен: „Пријавени се неидентификувани авиони во Лос Анџелес“.

 

nlo


Она што луѓето го забележале тој ден пред 74 години, сепак било доста специфично. Како што објавил TIME: „Граѓаните на Лос Анџелес излегоа од нивните кревети и ја набљудуваа месечината. Градот бил во мрак. Одеднаш, армија од авиони започнале да пребаруваат низ мракот. Скоро два часа, се слушала муниција во ноќта.

За жителите за кои меморијата од Перл Харбор била доста свежа, можноста за напад се чинела и тоа како реална. Меѓутоа авионот никогаш не бил пронајден,  а секретаријатот на морнарницата соопштила дека целата работа била лажна тревога иако воените лица тврдеа дека биле забележани непријателски авиони.

Што и да го предизвикал воздушниот напад, не е чудо што Битката за Лос Анџелес била омилен настан за НЛО заговори. Всушност, неколку години подоцна, започнале да кружат фотографии од НЛО.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот