На 23 септември е основана компанијата „Нинтендо“ - симбол на гејмерската индустрија на модерното време, која произведе многу наслови што останаа вкоренети во поп-културата. Основана е од претприемачот Фусаџиро Јамаучи
од Кјото.
„Нинтендо“ е веројатно најстарата компанија за видеоигри. Основана е во 1889 година, но тогаш не произведувала видеоигри. Компанијата првенствено е основана за да продава традиционални карти за играње кои биле многу популарни кон крајот на 19 век меѓу децата и возрасните.
Во првата половина на 20 век, компанијата продолжила да продава карти, а по смртта на Јамаучи, компанијата ја наследил сопругот на една од неговите ќерки. Наскоро тие почнале да продаваат вестерн-карти (класичен шпил од 52 карти) кои станале многу популарни во Јапонија.
Компанијата живеела исклучиво од продажбата на карти до крајот на Втората светска војна, кога ослабнала поради геополитичката ситуација. Во следните десет години не успеала да закрепне и продажбата на карти повеќе не била толку популарна. Потоа решиле да се прошират во други гранки.
Најпознат таков проект била такси-службата „Нинтендо“, која постоела до 70-тите години. Била позната под името „Нинтендо К.К.“, но брзо се покажала како непрофитабилна. Потоа, од компанијата се решиле на радикални чекори.
Во 1977 година компанијата претставила нов проект за продажба на конзоли за игри. Првиот проект бил наречен „Колор ТВ-Гејм“ и бил објавен истата година. Децата играле игри со брзо темпо на конзолата сè до појавувањето на „Донки Конг“ во 1981 година, што ги постави темелите за нивниот иден светски успех. Во 1983 година била објавена конзолата „нинтендо ентертејмент систем“, преку која станале познати низ целиот свет. Конзолата инспирирала многу други производители како што се „Ексбокс“ и „Плејстејшн“.
„Нинтендо“ и денес е активна компанија, а најдобро ја знаеме по светски познатите игри кои останаа неизбришлив дел од популарната култура, како што се „Покемон“, „Супер Марио“ и „Зелда“.
Извор: index.hr
Фото: Wikipedia