X
 29.07.2024 Живот

Најстарата шега на светот датира од 1900 година пр.н.е. - ќе се изненадите за што се работи

Најстарата позната шега во светот датира од 1900 година пр.н.е., и да, таа вклучува прдеж. Светскиот хумор се чини дека не е многу променет, а првата заведена шега е, за жал, но и смешно предвидлива, шега за прдење.

Според Гинисовата книга на рекорди, во 2008 година телевизискиот канал „Дејв“ нарачал студија за историјата на хуморот, спроведена од д-р Пол Мекдоналд од Универзитетот во Вулверхемптон. Истражувањето траело два месеца, а целта била да се најде најстарата позната шега.

Д-р Мекдоналд и неговиот тим ја дефинирале шегата како структура со јасен вовед и поента, што им овозможило да ја следат историјата на шегите до 1900 година пр.н.е. Најстарата шега е забележана на плочи од старовавилонскиот период, но може да се проследи до 2300 година пр.н.е.

Како звучи шегата?

Шегата потекнува од древниот Сумер, областа што денес ја знаеме како Јужен Ирак, и е поговорка која ги предупредува младоженците за нивните невести. А која е таа најстара шега?

- Нешто што никогаш не се случило - млада жена не прднала во скутот на својот сопруг.

Не им требало долго време на луѓето на социјалните мрежи да го кажат своето мислење. Еден корисник на „Твитер“ вели: „Тешко е да се поверува дека најстарата шега е забележана како шега за прдење“.

Коментирајќи ги наодите од истражувањето, д-р Мекдоналд заклучил:

- Шегите се менуваа со текот на годините, некои во формат на прашање и одговор, додека други беа духовити поговорки или гатанки. Резултатите даваат уникатен и интересен увид во еволуцијата на шегите со текот на годините, сите шеги споделуваат подготвеност да се справат со табуата и имаат одредена количина на бунт.

Извор: klik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот