Доколку постои нешто што ги обединува сите успешни лидери, тоа е комуникацијата. Комуникацијата може да се подели на повеќе аспекти, меѓу кои и вербални и невербални, но сржта на комуникацијата дефинитивно е јазикот. Познавањето странски јазици станува сè побитно поради ширењето на глобализацијата. А, ова се 5-те странски јазици кои најчесто ги учат лидерите, освен англискиот.
Шпански јазик
Познати личности кои го зборуваат: Мајкл Блумберг, Вил Смит, Пол Балк.
Шпанскиот го зборуваат над 45 милиони луѓе само во САД, а тој е еден од најчесто користените јазици во светот. Започнете со учење
ОВДЕ или
ОВДЕ.
Мандарински јазик
Познати личности кои го зборуваат: Марк Закерберг, Кевин Рад, Херберт Хувер.
Доколку мислевте дека има многу луѓе што го зборуваат шпанскиот, замислете колку го зборуваат мандаринскиот. Над една милијарда луѓе во светот го зборуваат овој јазик. Вестите за зајакнувањето на кинеската економија се насекаде, а тоа е доволна причина за учење на јазикот за многумина.
Руски јазик
Познати личности кои го зборуваат: Реџина Спектор, Хо Чи Мин, Локеш Чандра.
За почеток, рускиот е креативен јазик и е сличен на македонскиот јазик, како и другите словенски јазици. Освен тоа, Русија е моќна и голема земја и знаењето на јазикот претставува голема предност.
Германски јазик
Познати личности: кои го зборуваат: Шарлиз Терон, Натали Портман, Џозеф Гордон-Левит.
Германија е најразвиена земја од економски аспект во Европа. Германија е дом на најголемите брендови во автомобилската индустрија, авионската индустрија и многу други. Германскиот има некои сличности со англискиот, поради што може да биде полесен за учење за некои.
Хебрејски јазик
Познати личности: кои го зборуваат: Натали Портман, Иванка Трамп.
Доколку сте претприемач, сигурно сте слушнале за сè што се случува во Тел Авив. Израел е напредна земја во областа на технологијата и истражувањето. Многумина таму зборуваат англиски, но разбирањето основен хебрејски ќе ви даде предност.