Југословенската кинематографија колку и да беше пофалувана имаше и свои мрачни страни и не беше имуна на забраните. Специфичниот ЕХ-ЈУ стил подразбираше сцени полни со пцовки и вулгарности, насилство и злочин, сето тоа зачинето со црн хумор. Се чини дека некои филмови во тоа претераа, па тогашните власти одлучиле да ги цензурираат во периодот од 1947 до 1991 година кога биле снимени над 1000 филмови.
1. Град (1963)
Сценарио: Кокан Ракоњац, Марко Бабац, Живојин Павловиќ.
Улоги: Столе Аранѓеловиќ, Славко Симиќ, Милош Жутич
Претпоставка е дека на комунистите не им сметаше критиката прикажано како реалност во филмот, туку фактот дека филмот имаше поинаков однос кон реалноста. Веројатно ниту ликовите во филмот не беа баш пожелни, од хомосексуалци до проститутки, а клучен бил моментот во кој актерите се појавиле со градник од Италија, за кој се зборувало дека е поубав од југословенскиот.
Провокативен бил и ликот на капиталистот како директор на компанија, како и смртта на инвалидниот воен партизани кој бил претепан од насилниците. Како резултат на сето ова со судска одлука било наредено филмот да се изгори, но сепак бил зачуван во архивите.
2. Утро (1967)
Сценарио и Режија: Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ.
Улоги: Љубиша Самарџиќ, Неда Арнериќ, Милена Дравиќ, Мија Алексиќ, Љуба Тадиќ, Фарук Беголи
На Филмскиот фестивал во Пула овој филм освоил три награди, а на една добитник беше главниот актер Љубиша Самарџиќ во Венеција. Приказната е за партизан полковник кој влегува во ослободениот Чачак. Минувајќи низ различни конфликти во првите поствоени дена и борејќи се со поранешните соработници, непријатели и предавници, поранешниот војник продолжува со убиства, дури и во време на мир.
Се претпоставува дека на моралистите од тоа време најмногу им сметаше главниот лик на партизанот поручник Смоки, кој само мислел на „својот сексуален органи", па во една сцена на гробот на еден поранешен другар има перверзен секс со партизанката.
3. Предвремени работи (1969)
Режија: Желимир Жилник, Бранко Вучичевиќ
Улоги: Милија Вујановуќ. Бигдан Тирнаниќ, Чедомир Радовиќ, Марко Николиќ
Овој филм ја прикажува приказната за младите учесници во студентските демонстрации во април 1968 година во Белград. Три момчиња и едно девојка Југослава се спротивставуваат на малограѓанската рутина на секојдневието.
Со желбата да го променат светот инспирирани од делата на младиот Карл Маркс одат во селата и фабриките за да ја разбудат свеста на луѓето, да ги охрабрат да се борат за еманципација и достоинствен живот. Југослава ја глуми тогашната мис на Србија Милија Вујановиќ која била позната по нејзините улоги во филмови каде се разголува, што го популизираше филмот уште пред да излези.
И покрај фактот дека филмот беше познат како еден од најголемите светски достигнувања на југословенската кинематографија, освои награда Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, филмот не беше судски забранет, но не бил прикажан во поранешна Југославија. Причината за ова лежи во наводно неразумните сцени на насилство, голотија, вулгарност и слично.
4. Пластични Исус (1971)
Сценарио и Режија: Лазар Стојановиќ.
Улоги: Томислав Готовац, Вукица Џилас, Љубиша Ристиќ, Мида Стевановиќ, Адолф Хитлер, Анте Павелиќ, Јосип Броз Тито
Филмот, кој се осмели да ги спореди Јосип Броз Тито и Хитлер, но исто така и сеприсутните теми како потсмев на сите, филмот беше веднаш осуден на не-прикажување, а неговиот автор беше затворен.
Лазар Стојановиќ во филмот вклучи архивски снимки од усташите, четниците, Хитлер и Тито и ги споредува овие режими. Исто така, филмот во тој период покренал табу теми како што се хомосексуалноста, промискуитетот, а за прв пат во југословенскиот филм се појавил гол маж.
Освен за политички навреди, како и поради наведените табу теми како што се хомосексуалноста, промискуитетот, режисерот бил осуден на три години затвор. Политички бил прогонуван и главниот актер, а филмот почнал да се појавува 20 години откако исчезна.
5. Улогата на моето семејство во светската револуција (1971)
Режија: Бахрудин Бато Ченгиќ
Сценарио: Бахрудин Бато Ченгиќ, Бора Ќосиќ, Бранко Вучичевиќ
Улоги: Драган Николиќ, Данило Бата Стојковиќ, Бранко Петриќ, Милена Дравиќ Мица Томиќ, Ерика Дружовиќ, Mija Алексиќ Столе Аранѓеловиќ.
Премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Пула во 1971 година по што беше забранет и никогаш не се најде во кината. Овој филм ја раскажува приказната за револуцијата од 1945 година, заедно со националното ослободување, која беше воена, груба, но сепак фасцинантна, уметничка. Овој филм е повремено строг, а повремено весел, а говори за она што останува од семејството во која влегува револуцијата и што останува од револуцијата која влегува во едно семејство.
Главна е сцената во која, во штотуку ослободен Белград партизански комесар во салон ја внесува главата на Сталин направена од марципан и им наредува на сите да „јадат од мозокот на Сталин".
6. WR - Тајни на организмот (1971)
Сценарио и Режија: Душан Макавејев
Улоги: Милена Дравиќ, Ивица Видовиќ, Јагода Калопер, Тули Купферберг, Зоран Радмиловиќ, Џеки Кертис, Миодраг Андриќ
Овој документарец за многумина е еден од најдобрите дела на југословенската кинематографија, кој никогаш не влезе во комерцијална дистрибуција, а е снимен во САД и во Југославија од 1968 до 1971 и е посветен на ученикот на Фројд, Вилхелм Рајх.
Сцените на секс и директни политички изјави дотогаш не биле видени во некој југословенски филм. Филмот предизвика бура во југословенската јавноста, но и доби позитивни критики на меѓународните фестивали.