Август 1992 година: За многу лоши случувања и одмазда, виновни се „воените известувачи“.
-Да не беа некои од вас, некои новинари, оваа војна би можела, многу пократко да трае.
Кога тоа го кажа еден наш новинар и доста сталожен човек, се чинеше дека претерува Но, времето, за жал, покажа дека беше (и е) во право.
Во оваа страшна војна на нашите простори, од првиот момент, кога во Словенија беа укинати гранични табли со ознака СФРЈ, па до денес, многу известувачи го прекршија елементарното правило на новинарство: да пишуваат вистина и само вистина.
Да немаше такви луѓе, посебно да немаше такви што беа на телевизија, сигурно сето ова би траело пократко.
Бидејќи, на многу познати и непознати (дотогаш) политичари, генерали и самонаречени херои, кукавици, им годеше да се појавуваат пред камери и да зборуваат она што тој момент ќе им паднеше на памет, нешто што го измислувале тие - што тие мислеле дека им е од корист.
Нив им беше важно единствено да се видат и слушнат, да ги видат и слушнат нивните жени, љубовници, соседи, познаници, претпоставени - без оглед на тоа дали кажуваат вистина, полувистина и целосна лага.
Гладни медиуми
Од друга страна, весниците, радиото и телевизијата, што со децении известуваа за досадни случувања, сега успеаја да дојдат до динамичен материјал.
Практично секој можеше да ја подигне телефонската слушалка во некој град и да му издиктира на стенографот или директно во програма да каже глупави реченици кои немаат врска со вистината, но звучат бомбастично.
И што е полошо, речениците поттикнуваа омраза, криволочност, желба за домазда.
Примери
1. Известувач на еден белградски дневен весник јави дека „Усташите ја срушија браната и го потопиле Барања.
Било објавено на шест медиуми, но не било вистина. Кога новинарката од тој весник го сретнала дотичниот „воен известувач“ и го прашала како можел да испрати таква измислица, бидејќи токму тој ден таа била во Барања, тој ги кренал рамената и рекол:
-Па, ништо не се случуваше тој ден. Морав нешто да испратам.
2. Хрватската телевизија еден подолг период се посвети на „стравичните злосторства на србочетниците и агресорската војска и со извештаите од Вуковар, Тење, Трпиње, Карловца, Мостар, Дервенте и Сараево прикажуваа секогаш исти снимки од неколку масакрирани личности, снимени од различни агли што немале никакво обележје од својата националност.
3. Сетете се на стравичната приказна за 40 заклани деца, најдени во населба во Борово. Веста е објавена, неколку дена експлоатирана на белградска ТВ и во белградските весници и никому ништо. Телата никогаш не биле пронајдени, никогаш ниеден родител не го побара своето дете кое, наводно, било заклано.
Претставниците на екипите за идентификација, подоцна изјавија дека тоа било лага.
Останатите примери прочитајте ги на Југопапир, на
ОВОЈ ЛИНК
Автор:
Александар Пајиќ (РТВ ревија, 1992)