X
 17.03.2016 Технологија

Пристигнува нова социјална мрежа од "Самсунг"

„Самсунг“ ја објави својата прва апликација која за цел има поврзување на луѓето преку забавни онлајн-содржини кои може да се споделуваат со останатите. Запознајте се со „Waffle“.


Апликацијата „Waffle“ може да се користи како социјална мрежа, но она што ја прави различна од останатите мрежи е можноста за создавање заеднички содржини на повеќе корисници. На овој начин, компанијата „Самсунг“ сака да ги поврзе сите свои корисници. Во видеото во продолжение погледнете како функционира новата апликација.

Апликацијата сè уште не е достапна за сите корисници, но може да се пронајде нејзината бета-верзија за „Андроид“. Од компанијата велат дека името било дадено поради формата на сликите кои ги креираат корисниците.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија