Растот на компанијата „Фејсбук“ ги надминува сите очекувања. Иако пред неколку години многумина беа сигурни дека падот на социјалната мрежа е започнат, годинава една милијарда луѓе во светот секојдневно ја користат мрежата, според податоците од „Фејсбук“.
Овие една милијарда луѓе гледаат над
8 милијарди видеа на „Фејсбук“ секој ден. Ова е двојно повеќе од просекот за април годинава. Марк Закерберг изјави во 2014 година дека поголемиот дел од социјалната мрежа ќе биде со видеа во следните пет години.
Во САД, 2
0% од целокупното време потрошено на мобилните социјални мрежи се троши на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Компанијата работела на спојување различни делови од интернетот (вести, видеа, фотографии) во едно, а ова има очигледен позитивен ефект врз бројот на корисниците.
Секој ден, „Фејсбук“ го отвораат над една милијарда луѓе од
1,55 милијарди кои го отвораат барем еднаш во месецот.
78% од приходите на „Фејсбук“ доаѓаат од рекламирањето на мобилната верзија. Компанијата собира многу податоци од корисниците со кои им помага на компаниите да се рекламираат поефективно.
Секој месец, над
925 милиони луѓе ги користат групите на социјалната мрежа, што е пораст за 75 милиони во последните три месеци.
Во последната
година, „Фејсбук“ доби нови
195 милиони месечни корисници, односно колку населението на Бразил.