X
 23.03.2016 Живот

Зошто терористите се одлучија да нападнат во Белгија?

белгија

 

Белгија се чини како малку веројатна локација за да биде центар н европското екстремистично насилство. Но, постојат неколку добри причини зошто концентрацијата на радикалната активност беше токму во оваа мала држава.


Многу од проблемите кои водат до милитантност се од целиот свет, тие се во развој или се развиени, и иако можеби се разликуваат во тежината, сепак имаат исти последици.

Тие вклучуваат значително и слабо интегрирано муслиманско малинство, високо ниво на невработеност на младите во таа заедница, достапност на оружје, високо равиена мрежа за комуникации и транспорт кои минуваат низ земјата.

Како и другите земји, и Белгија беше сведок на незапирливото ширење на насилната идеологија преку социјалните мрежи и меѓу врсниците кои промовираа исполнет со омраза, нетолерантен и длабоко конзервиран поглед на светот.

Историските корени на тековниот проблем се длабоки. Како и насекаде во Европа, и Белгија страдаше од брановите на тероризмот во 1980-тите и 1990-тите поврзани со немирите на Блискиот Исток. „Постои долга историја на врската помеѓу Белгија и Франција во областа на тероризмот“, изјави Рик  Колсает, експерт за тероризам на Универзитетот во Гент.

Во 90-тите, борбеноста во северниот дел на Франција поврзана со алжирската граѓанска војна се проширија во Белгија. Најмалку еден протереан во Франција пристигнал во Брисел. Кога локалните жители искажале загриженост, официјалните лица ги убедувале дека свештеникот бил ветеран и анти-фашистички активист кој работел во Моленбик, соседство во Брисел од кадешто дошле голем дел од париските напади и кадешто Салах Абдеслам бил уапсен минатата недела.

ВО првата половина на минатата деценија, безбедносните служби на Европа се бореа да ја сфатат новата закана со која се соочија; со експлодирањето на бомбите во Мадрид и Лондон, Белгија беше во голема мера игнорирана и покрај повеќето докази за екстремистички мрежи со седиште во земјата.

Во белгиските градови, започнале да цветаат ненасилни радикални мрежи. Една група го привлекло вниманието на властите.

Сепак, како и во другите европски земји, војната во Сирија беше катализатор за постоечките проблеми. Според некои проценки, Белгија беше земја која ги обезбедуваше сириските војници повеќе од било која европска земја. Експертите велат дека 450 од 11 милиони жители кои вклучуваат помалку од половина милион муслимани, патувале.

Проценката на белгискиот истражувач Питер ван Остејн е 562. Повеќето им се придружиле на Исламската држава, додека неки се одлучиле за Ал Каеда. Повеќе од 80 биле убиени, голем дел од неодамнешните битки во источниот дел на Сирија.

Моленбик, соседство со 90.000 жители во главниот град, кадешто повеќето населби се 80% муслимани, се гледа како посебен проблем.Некои тврдат дека Моленбик е област кадешто полицијата има малку потпора.

Леман, активистот кој исто така работи таму, вели дека регрутерите често пати им кажуваат на тинејџерите дека нивните родители не го знаат „вистинскиот ислам“. Тие им даваат типичен адолесцентски процес на исламска димензија, вели Леман.

Истражување од Оксфорд Универзитетот ја потврдува важноста на социјалните мрежи, покажувајќи пријатели или колеги кои одиграле главна улога во регрутирањето на три четвртини од странските борци на Исис. Членовите на семејството изнесуваат една петтина од регрутирањето, а џамиите се одговорни за само едно од 20 регрутирања.

Се верува дека постојат два профили на милитанти: наивни идеалисти кои биле првиот бран кој патувале до Сирија, и вториот бран во кој имало понасилни екстремисти.

Сепак, експертите велат дека џамиите генерално не претставуваат проблем. Една мајка чијшто син минатата година се борел за Исис во Сирија вели дека тој никогаш не стапнал во џамија, но започнал да се дружи со луѓе кои случајно ги сретнал. Не е објаснување ниту сиромаштијата. Голем дел од напаѓачите во Париз биле богати.

Како последица од нападите, властите на Брисел го затворија градот на една недела, затворајќи ги училиштата, канцелариите и културните објекти. Спортските настани биле откажани, а војската со оклопни возила е распоредена низ улиците. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот