X
 23.03.2022 Живот

Во Белгија ќе ви платат ако се ослободите од автомобилот - еве колку

Најновите трендови се движат во насока на целосна промена на концептот на личен транспорт, вклучувајќи ја и сопственоста на автомобили.

Веќе почнаа да се случуваат големи промени во општеството, а најновиот пример доаѓа од Белгија. Засега, тоа е само Брисел, каде што жителите се охрабруваат да се ослободат од личниот автомобил, а за возврат ќе добијат значителна награда. Како и многу иницијативи досега, така и оваа се случува под покровителство на екологијата.

Станува збор за дел од програмата „Бриселс ер“, која веќе понуди различни стимулации за граѓаните да не возат автомобили низ градот. Имено, иако главниот град на Белгија не е огромен, квалитетот на воздухот е исклучително лош, често полош отколку во најголемите европски метрополи.

Дел од „заслугата“ за лошиот квалитет на воздухот е на автомобилите во и околу градот. Затоа секој граѓанин што ќе реши да се ослободи од автомобилот ќе добие бонус од 900 евра. Притоа, сопствениците имаат две решенија; првото е продажба на автомобилот, а второто е задржување на возилото под услов да не е регистрирано.

Покрај некои предуслови, како што се најмалку две години претходна сопственост на регистрирано возило, властите смислија и попис на имотот. Максимални 900 евра ќе добијат сите што имаат годишен приход до 37.600 евра, а оние со приход до 75.100 евра, ќе добијат 700 евра. Ако човек заработи уште повеќе, наградата е „само“ 500 евра.

Градските власти се надеваат дека оваа иницијатива ќе го намали бројот на автомобили на патиштата, но и ќе ги поттикне луѓето да користат подобро организиран јавен превоз, како и добро организирани услуги за споделување, без разлика дали се возила, велосипеди или исклучиво електрични автомобили.

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот