X
 24.03.2016 Образование

Како елитните факултети ги одбираат и оценуваат кандидатите?

Универзитетот „Јејл“ е еден од најпознатите високообразовни институции во САД и светот. Овој универзитетот редовно се наоѓа на листите на најдобри институции во високото образование, но сега потрфли во нешто друго.


Моли Хенсли-Кленси е репортерка за „Buzzfeed“ и студентка на угледниот „Јејл“. Моли успеала да ги добие своите документи кои биле направени од страна на членовите на комисијата во текот на пријавувањето. Меѓу другото, во нив таа забележала дека нејзиниот средношколски успех, нејзиниот карактер и нејзините достигнувања се сведени на неколку броеви и точки.

Во оценувањето на нејзината пријава, таа ја забележила и субјективноста во проценувањето. Најинтересниот дел е поврзан со нејзиното средно училиште. Имено, Моли била ученик во средно училиште кое е познато како училиште во кое се запишуваат афро-американци и ученици од пониска економска класа.

Иако Моли не е афро-американка, таа била примена како претставник од сите ученици, иако била нетипичен претставник на своето училиште.

- Ме примија на овој факултет делумно затоа сум паметна, делумно затоа што имав среќа, но и делумно затоа што одиграв со добри карти во текот на приемниот и добро се продадов. Но, исто така дознав дека сум примена и поради местото откаде доаѓам, што е бесмислено - вели Моли.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование