X
 25.03.2016 Образование

Клучот до успешно интервју и вработување на успешен кандидат

интервју

 

Низ мојата кариера, најголемата пречка која сум ја имал, како и моите колеги, е вработувањето на погрешните луѓе. Сите знаеме дека вработувањето на погрешната личност може да ја чини многу компанијата: пропуштени бизнис можности, лоши односи во канцеларијата и потенцијално масивна легална сметка кога сте присилени некого да отпуштите.


На сето ова додајте ја комплексноста на старт ап компанија која брзо расте, и ете го ризикот на улогата која сте ја изнајмиле да не е важна утре. Како можете да избегнете лоши вработувања додека вашиот тим расте и се прилагоди на променливата средина на вашиот бизнис?

Одговорот е изненадувачки јасен: барајте флексибилност и разновидност. Ако некој е флексибилен, знам дека тој/таа ќе биде во можност да се прилагоди на промената на темпото на компанијата, и ќе има подготвеност да се засили кога ќе се појават нови можности. Кога вработувам некој кој е разновиден, знам дека тој може да ја прошири улогата со потребите и промените на компанијата.

За да избегнете потенцијални ризици, постојат неколку начини за избегнување на лошото вработување додека вашиот тим расте во средина која постојано се менува.

Барајте долгорочна остварливост


Мојата компанија се залага за процесот на барање и следење. Ова значи дека е потребно да издвоите време за евалуација на позадината на секој кандидат и идентификување на индивидуалците кои можете да забележите дека пораснале заедно со можностите наместо едноставно следење на традиционалната скала. Ова ќе ви заштеди време, енергија и ќе избегнете грешки - како онаа личност која знаевте дека не требаше да ја вработите, но сепак ја вработивте откако сфативте дека ве чека уште една рунда интервјуа.

Потоа го резервирам процесот на интервју со цел да ги идентификувам кандидатите кои покажале способност да научат и да се прилагодат брзо на околностите кои се менуваат. За мене клучот за успешно интервју е да поставите прашање за улогата на лидерот како и тактиките кои кандидатот ги користел во организирање на настани, собирање пари и растење на тим. Само-насоката е критична за компанија која брзо расте, особено со оглед на тоа што одговорностите можат радикално да се променат од недела во недела и од месец во месец.

Исто така се обидувам да го оценам нивното темпо, самодоверба, темперамент и одлучност преку започнување на разговор за компанијата - потоа гледам како кандидатот одговара. Ако тој/таа не може да одржува чекор со темпото на разговорот, тоа може да е знак дека не е доволно добар/добра за работното место. Немојте да вработите некој само затоа што ви е потребно да ги заврши обврските. Вработете некој бидејќи може да биде ефективен играч во вашиот тим.

Задржете ги најдобрите


Исто како во маркетингот, задржувањето на одличен работник секогаш се преферира повеќе отколку регрутирање на нов. Но, секоја искусна личност во бизнисот знае за предизвикот да се задржат вистинските луѓе кои сте ги вработиле. На флексибилните и разновидните луѓе лесно им здодеваат работите, па клучот е да им давате задачи кои ќе ги вклучуваат во интересни активности.

Еден начин на кој можам да ја задржам енергијата, дури и помеѓу големите проекти, е изложување на моите вработени на разговори за растењето кои голем дел од компаниите ги држат во тајност. Оваа транспарентност ми помага да ги потсетам вработените за идниот потенцијал, па на тој начин ќе имаат задачи и ќе бидат возбудени за нивно извршување.

Не престанувајте да вработувате


Додека процесот на анализирање и интервјуирање е стандард за одлично вработување, понекогаш ќе бидете презентирани со можности надвор од традиционалните практики на вработување. Кога ќе наидете на „вистинска супер ѕвезда“ - некој без кој вашата комапнија нема да може да живее - важно е да се движите брзо пред оваа личност да продолжи понатаму.

Еднаш гледав презентација од жена која управувала со компанија која го изгубила финансирањето. Кога зборував со неа, јасно ми беше дека таа е флексибилна личност која лесно ги решава проблемите и која нам ни е потребна, дури и ако нема место за неа. Отидов да се консултирам со мојот тим и им реков: „Сретнав некого, и таа е дел од нас: самоуверена и сталожена. Мора да пронајдеме нешто за неа“. И пронајдовме, а денес таа е вреден дел од нашиот тим.

Доколку сте ја завршиле работата како што треба и сте ги прашале вистинските прашања, тогаш нема за што да се грижите. Единствената работа за која ќе треба да се грижите е како да ја сместите вашата компанија која брзо расте низ отворената врата - а тоа е проблем за кој сум среќен да го пребродам.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование