Рекорден број на училишта од основните и средните училишта годинава учествуваа на натпреварот Кенгур без граници 2016 година. Од Сојузот на математичарите не известија дека по барање на училиштата истиот се одржал на два наставни јазици, македонски и албански.
- Покриена е целата територија на Македонија и учество зедоа многу училишта од руралните средини, како ниедна година претходно. Процентуалното учество на учениците на натпреварот е најголем во историјата од одржување на овој натпревар во земјава. Рекорден е и бројот на училишта од основното и средното образование кои зедоа учество на овој натпревар - вели претседателот на Сојузот, Алекса Малчевски.
Резултатите ќе бидат објавени најмногу за триесет дена сметајќи од 18 март на страницата на Сојузот на математичари на Македонија www.smm.com.mk.