X
 13.08.2015 Живот

Кратки совети кои заштедуваат многу пари

Доколку сте како повеќето, сигурно сакате да заштедите повеќе пари за различни причини. „Лајфхек“ ги разбира овие потешкотии. Токму затоа, тие објавија водич со кратки совети со кои може да заштедите повеќе пари за пократко време

Советите се:


1. Кријте ги парите од себеси, дури и доколку не се многу. Така нема да ги гледате и нема да бидете во искушение да ги потрошите.

2. Не доцнете со плаќањето на сметките.

3. Доколку ги зголемите приходите, однесувајте се како тоа да не се случило.

4. Читајте книги за лични финансии за да ги научите основните трикови на најбогатите.

5. Чувајте фонд за итни случаи.

6. Не мора да имате само еден извор на пари, барајте повеќе.

7. Забележувајте го секое трошење.

8. Штедете заедно со пријател, брат, сестра, родител.

9. Но, не се споредувајте со никого.

10. Не го купувајте она што не може да си го дозволите.

11. Користете готовина кога пазарите, не картичка.

12. Бидете свесни за трошењата на друштвото.

13. Прашувајте за сè што не ви е јасно во поглед на личните финансии и штедењето.

14. Купувајте работи на старо.

15. Научете кои ви се слабостите во трошењето.

16. Не трошете за она што не мора да трошите (автобус, такси).

17. Повремено наградувајте се со подароци за заштедените суми.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот