Во последниве години седењето стана ново пушење. Неодамнешните истражувања открија дека колку повеќе часови луѓето поминуваат во седење, толку е поголема веројатноста да развијат дијабетес, срцеви заболувања и други состојби и потенцијално да умрат прерано - дури и ако вежбаат редовно.
Која е науката зад ова алармантно тврдење? Анимираното ТЕД-ЕД видео почнува да ја прикажува сликата.
Според научникот Гречен Рејнолдс, една неодамнешна шведска студија објавена во британскиот весник за спортска медицина вели дека кога седите цел ден, вашите теломери (малите капи на краевите на ДНК-нишките) се пократки, што не е добро. Како што теломерите се скратуваат, така стапката со која телото старее се забрзува. Спротивно на тоа, друго истражување открило дека теломерите кај луѓето што седеле најмалку биле издолжени. Се чинело дека нивните клетки растат физиолошки помладо.
Пред неколку години радиото „Кеј-кју-и-ди“ во Сан Франциско емитувало
програма посветена на ова прашање, а учествувале експерти за медицина и ергономија. За да откриете повеќе, слушнете ја.