X
 09.04.2016 Забава

Загатки кои ќе го натераат вашиот мозок да размислува

Загатки кои се вистинска гимнастика за вашиот мозок. Вклучете ја логиката и обидете се да го пронајдете решението.

 

1


1. Возите по пат со вашиот автомобил за време на бура, кога поминувате покрај автобуска станица и гледате како тројца луѓе чекаат автобус:

1. Стара жена која изгледа изнемоштено и како да ќе умре во секој момент.
2. Стар пријател кој еднаш ви го спасил животот.
3. Совршениот партнер за кој сте сонувале целиот ваш живот.

Знаејќи дека само една личност може да влезе во вашиот автомобил, кој од нив би избрале?

2. Добивајќи анонимен телефонски повик, полицијата оди во една куќа за да уапси осомничен убиец. Полицајците не знаат како убиецот изгледа но знаат дека неговото име е Џон и дека тој е во куќта. Кога полицијата влегува во куќата наоѓа столар, механичар и пожарникар како играат покер. Без двоумење и комуникација, тие веднаш го апсат пожарникарот. Како знаат дека го имаат вистинскиот човек?

3. Еден човек живее во пентхаус во една зграда. Секое утро се вози со лифтот до лобито и ја напушта зградата. Но, после неговото враќање тој може да качи само половина од спратовите со лифт, а потоа мора да оди пешки - освен ако врни. Како би го објасниле ова?

4. Како едно бебе може да падне зграда со 20 спрата и да преживее?

5. Еден човек и неговиот син доживеале сообраќајна несреќа. Таткото починал, а момчето било одведено во болница со тешки повреди. Кога тоа стигнало таму, хирургот рекол: „Не можам да го оперирам ова момче - тој е мојот син!“. Како е ова возможно?

6. Има 6 јајца во кошницата. 6 луѓе земаат по едно од јајцата. Како едно јајце останува во кошницата?

 

Решение:

 

1. Секако дека ја избирате старата баба. Откако ќе и` помогнете на бабата, ќе му го дадете клучот на вашиот пријател, а вие ќе го чекате автобусот со вашиот совршен партнер.

2. Пожарникарот е единствениот маж во собата. Останатите кои играат покер се жени.

3. Човекот е џуџе. Тој не може да ги достигне горните копчиња од лифтот, а може да ги достигне кога носи чадор.

4. Бебето падна од приземје.

5. Хирургот не може да го оперира синот бидејќи е негова мајка.

6. Последната личност ќе ја земе кошницата со едно јајце во неа.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава