X
 15.02.2026 Наука

Не чувствувајте вина ако дремнете попладне: Нова студија открива дека дремката го забавува стареењето на мозокот

Дали некогаш сте се почувствувале виновни што сакате да „дремнете малку“ по предавањата или работата? Немојте. Најновите истражувања покажуваат дека таа навика може да биде клучна за здравјето на вашиот мозок на долг рок.

Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) анализирале податоци од илјадници луѓе и дошле до фасцинантно откритие: луѓето кои редовно практикуваат кратки дневни дремки имаат поголем волумен на мозокот.

Зошто е важен волуменот на мозокот?
Како што старееме, нашиот мозок природно се намалува (атрофира). Студијата сугерира дека дремката го забавува овој процес. Разликата во „здравјето на мозокот“ помеѓу оние што дремат и оние што не дремат е еквивалентна на 2,6 до 6,5 години стареење.
Тоа значи дека мозокот на „дремачите“ изгледа и функционира како да е неколку години помлад.

Колку долго треба да трае дремката?
Тука е клучот. Научниците предупредуваат дека дремката треба да биде кратка – идеално помеѓу 15 и 30 минути.
Ако спиете подолго, може да влезете во длабок сон и да се разбудите уште поуморни (феномен познат како „инерција на спиење“), а тоа може да ви го поремети и ноќниот сон.
Затоа, наместо кафе, следниот пат кога ќе падне концентрацијата – наместете го алармот на 20 минути и освежете го мозокот. Науката е на ваша страна.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука