X
 11.04.2016 Образование

Денови на образование и кариера на Скопски саем

Универзитети од Македонија, но и од многу странски земји ќе ги презентираат можностите за студирање, за добивање на стипендии, а ќе се организираат и многу дебати на Деновите на образование и кариера кои од 14 до 16 април ќе се одржат во третата Хала на Скопски саем.


 

- Договорена е програма со дебати и презентации и содржини кои се актуелни во високото образование како и кариерните можности  на идните дипломци, односно што сé се случува со пазарот на трудот во Македонија. Традиционално, на саемот ќе се претстават домашните државни универзитети „Гоце Делчев“, Штип, „Св. Климент Охридски“, Битола, „Св. Апостол Павле“, Охрид, а за прв пат учество зема и ЦМЕПИУС – Агенцијата при Министерството за образование на Р. Словенија при што ги претставува своите активности заедно со 4 словенечки универзитети: Љубљанскиот универзитет, универзитетот од Марибор, универзитетот од Приморска, универзитетот во Нова Горица. Оваа година имаме претставници од универзитетите од Грција и Чешка, како и од Турција и Бугарија. Ќе бидат присутни повеќе програми и проекти од меѓународните организации кои работат на полето на образованието и бизнис секторот - рече Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.

Покрај презентациите на универзитетите, ќе се организираат и интересни дебати како на пример „Корупција во виското образование“, „Студентите прашуваат :Дали дома ни е се уште дома“. Министерството за внатрешни работи ќе организира презентација на тема: „Алкохолот и безбедноста во сообраќајот за време на матурските вечери“ , а посетителите ќе имаат можност да се запознаат со можностите за студирање и истражување во Германија, Словенија, Грција, Турција...Цената на билетите за Саемот е 30 денари.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование