Приватното образование најчесто е прескапо за учениците од сиромашните семејства. Училиштата АПЕЦ - Affordable world class Education from Ayala and Pearson - можеби ќе го променат ова засекогаш.
Се работи за сосема нов вид образование кое се нуди - такво кое е дел од профитен ланец, но се нуди за релативно ниска цена од 2 долари дневно. Ланецот е соработка меѓу „Ayala“, корпорација од Филипини и „Pearson“, најголемата образовна компанија во светот.
Втората е позната по подготовката на стандардизирани тестови и секакви програми за учење. Оваа компанија би сакала да стане првата корпорација за образование во светот.
Меѓу другото, компанијата нуди приватно образование по ниска цена за над 360.000 луѓе во Азија и Африка. Двете најголеми приватни училишта во Кенија имаат стотици кампуси, кадешто образованието чини 6 долари месечно. Тие се сместени во евтини простории, а се вработуваат помлади и помалку искусни наставници, кои се тренираат и се платени помалку.
Компанијата користи и дигиталната технологија во училниците за да се обезбеди постандардно и поквалитетно образование за помала сума. Сите овие училишта се финансираат преку нивниот фонд за достапно учење. Целта е да се обезбеди образование за над милион ученици до 2020 година.
Додека критичарите го напаѓаат овој нов пристап, факт е дека во многу делови од светот, евтините приватни училишта се голем чекор напред од постоечките јавни училишта, кадешто зградите се рушат, грантовите се ставаат в џеб, а наставниците не се трудат за образованието, ами за платата.
Наставниот план имплементира иновативни и прогресивн идеи за образованието. Секоја училница има компјутери и интернет. Има чести стандардни тестови и систем кој ги анализира оцените, задоволството на родителите и сл.
Сите лекции се на англиски јазик.
Учениците учат едни од други во разни предмети, работат во групи за да создаваат јавни кампањи и учат вештини кои се бараат денес.