X
 19.03.2024 Здравје

Зошто пешачењето е подобро од одењето во фитнес-сала?

Ако сакаме да изгубиме тежина, вежбањето е многу важно. Не само што е неопходно за одржување на кондицијата и физичкото здравје, туку е добро и за менталното здравје. Но, се покажало дека пешачењето е подобра активност од одењето во фитнес-сала.

Професорот Шејн О'Мара, по експериментално истражување на мозокот на колеџот „Тринити“ во Даблин, објаснил зошто луѓето треба повеќе да пешачат.

За да изгубите тежина, треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате, што е познато и како калориски дефицит. Редовната физичка активност може да го забрза нашиот метаболизам, што може да ви помогне да изгубите тежина побрзо.

Професорот О’Мара објаснил како редовната помала активност во текот на денот е подобра за вашиот метаболизам отколку малите налети на интензивна, но ретка активност, како одењето во фитнес-сала. Метаболизмот е хемиски процес кој се одвива во нашето тело за да нѐ одржи во живот и нашите органи да функционираат нормално. Овој процес бара енергија, па колку е посилен вашиот метаболизам, толку повеќе калории согорувате за да останете живи.

О'Мара објаснил дека луѓето сметаат оти одењето во фитнес-сала по еден час ќе има поголем ефект врз нивниот метаболизам и губењето на тежината, без разлика што биле неактивни во остатокот од денот.

Националната здравствена служба на Велика Британија (НЗС) наведува дека пешачењето е лесен и бесплатен начин да станете поактивни, да изгубите тежина и да станете поздрави. Исто така, се наведува дека пешачењето понекогаш се занемарува како форма на активност, но дека брзото одење може да помогне да се изгради издржливост, да се согорат вишок калории и срцето да биде поздраво.

Не мора да пешачите со часови секој ден, бидејќи НЗС истакнува оти брзото 10-минутно дневно пешачење ќе доведе до многу здравствени придобивки и се вбројува во препорачаните 150 минути вежбање неделно.

Извор: Klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје