X
 18.04.2016 Култура

"Најзаразните" песни на сите времиња

Музејот за наука и индустрија во Манчестер неодамна ги објави резултатите од последното истражување на кое работеле експертите во музејот. Истражувањето било спроведувано во период од една година, а во него учествувале 12.000 испитаници. Експертите со ова истражување се обиделе да дознаат што е она што една песна ја прави популарна и препознатлива, пишува „Индепендент“.


Резултатите покажуваат дека песната „Wannabe“ од Spice girls е најзаразна песна на сите времиња. Испитаниците слушале некои од 1.000-те најпродавани синглови во последниве неколку децении.

На испитаниците им биле потребни само 2,29 секунди во просек за да го препознаат овој хит. На второто место се наоѓа „Mambo No. 5“, кој испитаниците го препознавале за просечно 2,48 секунди.



Во продолжение следува целата листа:

1. Spice Girls - Wannabe - 2.29 секунди

2. Lou Bega - Mambo No. 5 - 2.48

3. Survivor - Eye of the Tiger - 2.62

4. Lady Gaga - Just Dance - 2.66

5. ABBA - SOS - 2.73

6. Roy Orbison - Pretty Woman - 2.73

7. Michael Jackson - Beat It - 2.80

8. Whitney Houston - I Will Always Love You - 2.83

9. The Human League - Don't You Want Me - 2.83

10. Aerosmith - I Don't Want to Miss a Thing - 2.84

11. Lady Gaga - Poker Face - 2.88

12. Hanson - Mmmmbop - 2.89

13. Elvis Presley - It's Now Or Never - 2.91

14. Bachman-Turner Overdrive - You Ain't Seen Nothin' Yet - 2.94

15. Michael Jackson - Billie Jean - 2.97

6. Culture Club - Karma Chameleon - 2.99

17. Britney Spears - Baby One More Time - 2.99

18. Elvis Presley - Devil in Disguise - 3.01

19. Boney M. - Rivers of Babylon - 3.03

20. Elton John - Candle in the Wind - 3.04


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура