Депресијата и анксиозното пореметување се чести состојби со кои се справуваат многу млади луѓе. Од страв од стигма, повеќето трпат во тишина. Даг Ледин е храбро момче кое на видеото објавено на Фејсбук зборува за овој проблем.
Ледин во неговото видео ја раскажува својата приказна која може ја доживуваат и вашите блиски или можеби вие. Како најлошото нешто што Даг го доживеал го потенцира непотребниот страв од стигма во општестовото. Многу млади луѓе се плашат дека ако зборуваат за нивните проблеми, општеството ќе ги отфрли и тие ќе останат несфатени.
Но, како што вели Даг тоа воопшто не е вистина. Кога ќе ја скршите раката, луѓето доаѓаат на помош, сакаат да ви помогнат и да ви ги носат торбите и да ви се потпишат на гипсот. Истото е и со депресијата. Видеото го направил за да ги поттикне другите млади луѓе кои молчат и трпат, да започнат да зборуваат за нивните проблеми.