X
 13.02.2017 Живот

Мата Хари - легендарна шпионка или жртвено јагне?

Цела една деценија нејзиниот заводнички танц предизвикувал воодушевување. Мата Хари, Холанѓанката која ја воодушевувала париската публика со своето индиско танцување, ја будела фантазијата кај европските боеми пред Првата светска војна.

Таа била куртизана од времето „Belle Epoque“, а сто години од нејзиното апсење во Париз, 13 февруари 1917 година, легендата за најголемата шпионка во историјата започнало да избледува.

Мата Хари, односно Маргарета Гертруда Зеле, била уапсена во утринска рација во луксузен хотел во Париз. Пред почетокот на судењето на 24 јули, поминала пет месеци во женскиот затвор во Сен Лазаре. Судењето пред воениот суд било затворено за јавноста. Било доволно само едно рочиште за да биде прогласена за виновна како двоен шпион, велепредавник и била осудена на смрт.


Фото: Wikipedia

По британската тајна служба, за шпион ја регрутирал германскиот конзул во Амстердам на почетокот од војната. Британците, кои ја пресретнале на едно патување, темелно ја испитувале, па тврделе дека Германците не ги снабдувала со некои многу важни информации. Пролетта 2014 година, Британската тајна служба објавила уште неколку документи за неа. Откриваат дека Мата Хари не признала ништо по апсењето во Париз, туку своите иследници ги измамила со гласини и озборувања. Некои експерти тврдат и дека Мата Хари никогаш не знаела многу за политика.

Во следните неколку месеци и Французите ќе ја отворат својата архива, па многумина очекуваат дека ќе се покаже како Мата Хари била само „жртвено јагне“ за големиот број погинати Французи на военото поле. Историчарот Леон Ширман, пред да почине во 2003 година, тврдел дека француските власти го режирале судењето на Мата Хари и дека со нејзиниот исказ се манипулирало според потребите. Врз основа на неговите аргументи, адвокатот од Париз Тиболт де Монбријал, пред 15 години побарал ревизија на судењето, но барањето било одбиено. Истото го побарала и холандската фондација „Мата Хари“, но и тоа барање било одбиено.

Маргарета Гертруда Зеле пораснала во богато семејство. Требало да стане воспитувачка во детска градинка, но наместо тоа, прифатила понуда за брак од холандски воен функционер, многу постар од неа. Таа станала Лејди Меклеод и бидејќи сопругот бил сместен во холандските колонии, таа живеела на Јава и Суматра, па таму научила азиски танци. По разводот се преселила во Париз. Таму се претставува како Мата Хари и работи како скапа проститутка. По некое време запаѓа во финансиски проблеми. Тогаш за неа започнуваат да се интересираат тајните служби, свесни дека можат да ги искористат нејзините бројни познанства. Прво работела за Германците, па потоа за Французите. Но, тие документите за неа ги отвораат точно на сто годишнината од нејзината смрт.

Во меѓувреме, животот на таа фатална жена и „легендарна шпионка“ е тема на 250 книги и романи, како и голем број филмски сценарија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот