X
 27.04.2016 Култура

Колку чини ручек со највредниот извршен директор во светот?

Еден ручек со Тим Кук и две ВИП-влезници за битен настан на „Apple“ би ве чинело илјадници долари.


Ручекот со извршниот директор на една од највредните технолошки компании во светот не е евтин. Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, го стави на аукција сопственото време преку хуманитарната платформа „Charitybuzz“.

Почетната сума за аукцијата сега е 135.000 долари. На 21 април, кога била отворена аукцијата, вредноста била 10.000 долари. Парите од аукцијата ќе бидат донирани во организацијата за човекови права „Роберт Ф. Кенеди“.

Победникот на аукцијата ќе добие ручек со Кук на кампусот на „Apple“ во Калифорнија и ќе добие две ВИП-влезници за битен настан на компанијата.

Ова е четврта година по ред како Кук нуди ручек со него за победник на хуманитарна аукција, пишува „Vanity Fair“. Во 2013 година, Кук бил на кафе со победникот на аукција, кој платил 610.000 долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура