X
 28.08.2023 Култура

Неверојатни 775 соби, приватно кино, хелиодром, но и покрај луксузот, никој не сака да живее во најпознатата палата на светот

Неверојатни 775 соби, од кои 188 се спални за вработени, 52 се соби за гости, 92 канцеларии, 78 бањи, 19 соби за државни посети, кујни, магацини, кантини за персонал и градина, најголема во Лондон со површина од 16 хектари. И кино, базен, капела, операциона сала, банкомат, полициска станица, хелиодром, тениско игралиште, 350 вида диви цвеќиња и 30 вида птици. Потоа, 40.000 светилки и вкупно 760 прозорци, од кои секој се чисти барем еднаш на секои шест недели, и огромна колекција часовници, како и најмалку 800 вработени, од чистачи и градинари до човекот чија единствена задача е да се грижи за знамињата на имотот... Да, сето тоа е Бакингемската палата. И сето тоа, се чини, не е доволно за среќен живот на „кралска нога“.

Кралот Чарлс ќе се всели дури во 2027 година

Се чини дека седиштето на монархијата не му се допаѓа или не е привлечно за ниту еден монарх, па ни за сегашниот, за разлика од туристите кои се обидуваат некако да го посетат во текот на 10. недели во кои величествената палата е отворена за јавноста секоја година. Практиката е започната уште во 1993 година, со цел да се добијат дополнителни средства по големиот пожар во Виндзор.

1
Фото: Unsplash

Реновирањето, кое ќе чини 369 милиони фунти, би требало да трае 10 години и ќе заврши во 2027 година, кога според најавите во Бакингемската палата треба да се пресели кралот Чарлс. Многумина се сомневаат дека тоа некогаш ќе се случи.

Физичка репрезентација на одговорност

Британските медиуми пишуваат дека ни кралицата Елизабета не сакала да живее во Бакингемската палата. Таа се преселила во Кларенс хаус со принцот Филип. Постојат шпекулации дека премиерот Винстон Черчил ја принудил на тоа, но таа секогаш го претпочитала Виндзор, каде што го поминала поголемиот дел од своето детство. Кој ќе го принуди Чарлс да се пресели, не е јасно бидејќи се знае дека го реновирал Кларенс хаус по свој вкус и дека таму живее веќе 20 години.

Имено, Бакингемската палата, од сите 12 резиденции на располагање на кралот, најмалку наликува на удобен дом. Затоа монарсите остануваат таму само кога работат, односно за нив тоа е „физичка претстава за тешката одговорност што ја носат на своите плеќи“.

2
Фото: Unsplash

Луксуз кој не е по мерка на кралевите

Исто така, луксузот на Бакингемската палата наводно не е баш на нивото што би го очекувале.

- Иронично, собите за кралот и кралицата во Бакингемската палата не можат да се опишат како величествени. Кога приватните граѓани купуваат голема куќа, тие ја користат целата, но во Бакингемската палата тие имаат сосема мал агол. Зборуваме за спална соба, бања, дневна, приемна соба и тоа е тоа - велат упатените.

Проблеми со греењето

Проблем со греење има и во Бакингемската палата. Имено, кралот Чарлс бил толку згрозен од сметките за греење на Бакингемската палата што вовел „регулација на термостатот“: максимум 19 Целзиусови степени во зима, максимални 16 Целзиусови степени доколку просториите не се во употреба и затворени радијатори за време на викендите. Забрани загревање на базенот. Азбестот во палатата наводно е меѓу проблематичните работи, а медиумите објавија дека е небезбеден. Наводно, во 2007 година парче од таванот за малку ќе паднело врз главата на принцезата Ана. Општо земено, електричните инсталации, цевките, парното - ништо не е подобрено од 50-тите години на минатиот век, а се зборува дека едно време околу зградата биле поставени кофи затоа што течела вода од таваните.

3
Фото: Unsplash

Неизвесна иднината на оваа неодржлива зграда


Со оглед на сето горенаведено, кралот Чарлс не ја гледа оваа „голема куќа“ како одржлив иден дом или зграда што одговара на целта на денешницата, ниту во однос на трошоците, одржувањето или еколошката перспектива. Но, ако кралот одбие да се пресели, каква ќе биде судбината на светски познатата зграда? Некои мислат дека покрај тоа што ќе биде отворена за јавноста подолг временски период, би можела да се претвори и во музеј.

Извор: Putnikofer.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура