20.03.2020
Здравје
Позитивни на коронавирус уште 19 пациенти. Вкупниот број на заболени порасна на 67
Mинистерството за здравство информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за коронавирус беа тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија, кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
Во клиничката болница „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Со ова бројката на новозаболени до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.