X
 05.10.2023 Живот

Ако пилотот ја каже оваа бројка за време на летот, тоа значи дека патниците се во екстремна опасност

Персоналот на летот често користи шифри за да не предизвика паника кај патниците, а бројот „7500“ всушност укажува на киднапирање.

Летањето може да биде и непријатно искуство, а силните турбуленции не се единственото нешто што може да ве изненади.

Покрај очигледните шифри, како што е „мејдеј“ (анг. „помош“), што укажува дека авионот е во непосредна опасност, постои и шифрата „пан-пан“ што значи дека нешто се скршило. Исто така, некои од шифрите се бројки наместо зборови, а оној што навистина не сакате да го слушнете на летот е „7500“ бидејќи се користи во случај на киднапирање.

Се разбира, ако се наоѓате во киднапиран авион, големи се шансите да знаете за тоа пред да слушнете какво било број, кој за опасноста всушност треба да ги предупреди другите авиони и контролата на летање.

Покрај тоа, тука е и шифрата „7700“, која е општ сигнал за итни случаи, додека со помош на шифрата „7600“ пилотот сигнализира дека изгубил контакт со кулата.

Патем, ако сте на аеродром и слушнете како некој ги кажува зборовите „Коде Адам“, тоа значи дека на аеродромот е изгубено дете.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот