Езерото Сува се наоѓа во планините Кино во централна Јапонија, во регион наречен „јапонски Алпи“. Кога езерото замрзнува, дневната температура предизвикува мразот да се прошири, со што површината пука и се создаваат гребени.
Легендата вели дека гребенот, наречен омиватари, е формиран од нозете на боговите Шинто додека го преминувале езерото. Секоја година уште од 1443 година, свештениците кои живеат во светилиштетот на работ на езерото, внимателно го документираат датумот кога се појавува гребенот.
Во 1693 година, од другата страна на светот, финскиот трговец Олоф Ахлбом започнал со документирање на датумот и времето на пукањето на пролетниот мраз на реката Торн, кој е дел од границата помеѓу Шведска и Финска. Иако неговото евидентирање било прекинато во 1715 година, поради руската инвазија, тој го продолжил документирањето откако се вратил дома во 1721 година, и од тогаш документирањето било продолжено и од други набљудувачи.
Кога научниците сакале да ги прегледаат документациите од климите во античко минато, тие морале да користат индиректни докази кои можеле да се проанјдат во прстените на дрвјата, слоевите на мраз и поленот. Но, документацијата на мразот од Јапонија и Финска, која е најдолга, ни дава директен поглед на влијанието на климата кое го искусиле нашите далечни предци.
Џон Магнусон, еколог на Универзитетот во Висконсин-Медисон, дознал за јапонските и финските податоци во 1990 година, на конференција со интернационална група на научници на која се споредувале документациите за мраз на северната хемисфера. Но, неодамна Магнусон започна соработка со екологот Сапна Шарма од Јорк Универзитетот во Торонто за подетална анализа на најдолгите документации. Тие организирале преводи за нотациите, се консултираа со експерти за локалните услови и се соочија со предизвици за декодирање на календарот кој не само што се разликуваше од западниот календар туку и бил различен во зависност од тоа кој храм го користел. „Беше навистина интердисциплинарен проект“, изјави Шарма.
Резултатите од нивното истражување, објавено во „Nature Scientific Reports“, покажа дека уште од индустриската револуција, се забрзуваат промените во времето на замрзнување и одмрзнување и се укажува на тоа дека секоја година ритамот на мразот на двете места е се` повеќе поврзан со концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата. Исто така, почести станаа екстремните настани: во првите 250 години кога Шинто монасите ја документирале појавата на гребенот на езерото, само во период од три години времето не замрзнало. Помеѓу периодот од 2005 и 2014 година, имало пет (Магнусон вели дека езерото не замрзнало во текот на зимата ниту во 2015 ниту во 2016 година).
Многу научници соработувале со ботаничари и други набљудувачи за да ги докажат климатските промени. Хенри Дејвид Торо од Волден Понд во средината на 1800 година покажал дека некои цвеќиња никнуваат многу подоцна отколку сега, а опсесивните истражувања на Џозеф Гринел од Калифорнија покажуваат дека некои видови на цицачи се движат кон север. Овие набљудувања се релативно мали слики од минатото кои биле споредени со записи од пред еден век. Но, документацијата од Јапонија и Финска се епски, и кажуваат многу повеќе за климатските промени кои ги донеле луѓето со текот на времето.
Истражувачите заклучуваат: доколку концентрацијата на атмосферскиот јаглерод диоксид и температурите на воздухот продолжат да растат, боговите на Шинто легендата еден ден може да го преминат езерото за последен пат.