X
 07.05.2016 Технологија

Како вештачката интелигенција на Google учи да биде подобра?

Вештачката интелигенција на „Google“ користи над 2.000 книги за да научи како да биде „комуникативна“.


„Google“ мисли дека најдобриот начин да се направи еден компјутер посличен на човекот е да чита романи. Во изминатите неколку месеци, вештачката интелигенција на компанијата „чита“ илјадници романи со различни мотиви и стилови бидејќи експертите во компанијата сметаат дека јазикот во романите е најсличен на оној кој го користат луѓето.

Детските книги изгледаат како очигледен избор за учење на паметните системи, но експертите сметаат дека романите се подори бидејќи во нив има слични дејствија и теми, но се користи побогат јазик за изразување на тие идеи. На тој начин, вештачката интелигенција учи повеќе за нашето општество.

Посакуваната цел на компанијата е да се добијат подобри одговори кога бараме информации и подобро разбирање на човекот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија