X
 08.05.2016 Образование

Хиперактивните деца можеби само се најмлади во класот

Многу деца со дијагноза на синдромот на пореметување на вниманието (ADHD) само се помлади од своите другари во одделението, сметаат научници од Тајван. Набљудувајќи податоци за 400.000 деца, научниците воочиле дека оние родени во август имаат речиси двојно повисоки шанси за ADHD од оние родени претходниот септември.


На Тајван, границата за одредување на годината за тргнување на училиште е 31 август. Тоа значи дека учениците родени во септември се година постари од своите другари родени во август. За децата кои тргнуваат во подготвителните одделенија на 4 или 5 години, тоа е четвртина од дотогашниот живот, што значи дека разликата меѓу најмладите и најстарите деца е огромна. Тоа може да значи дека наставниците, споредувајќи го однесувањето на најзрелите и најнезрелите деца во групата доаѓаат во заблуда дека другите имаат проблем со вниманието.


Во истражувањето се наведува дека бројот на деца и млади со оваа дијагноза постојано расте и дека би требало да се води поголема сметка за воспитувањето на децата пред да се прогласат за хиперактивни и да им се дадат лекови.

Врската меѓу хиперактивноста и возраста била воочена и преку неколку истражувања на западот, меѓу другото во САД, канада, Шведска и Израел.

Една земја во која не била докажана врската меѓу возраста на детето и појавата на пореметување во вниманието е Данска, во која родителите имаат право да не го запишат детето на училиште со својата генерација ако мислат дека не е доволно зрело.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование