X
 09.06.2019 Живот

Мудрости што најголемите умови на сите времиња им ги пренеле на децата

Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг, Марија Кири - овие брилијантни мажи и жени донеле револуција во науката, медицината и во нашето знаење за вселената. Но, што им кажувале на своите деца пред спиење?

1. Алберт Ајнштајн за најдобриот начин за учење нови работи

- На клавирот секогаш свири го она што те прави среќен. Секогаш свири композиции, дури и ако професорот не ти го дал тоа како задача. Така најмногу ќе научиш бидејќи додека го работиш она во кое уживаш, нема ни да забележиш дека времето поминува - напишал Ајнштајн во писмото до неговиот син.

2. Стивен Хокинг за најважните работи во животот

- Стремете се кон ѕвездите. Прво, никогаш не заборавајте дека мора да гледате кон ѕвездите, а не во своите нозе. Второ, никогаш не откажувајте се од работата што ја работите. Работата ни дава смисла и цел, а животот без цел е празен. Трето, ако во животот имате доволно среќа да најдете љубов, не отфрлајте ја - е една од животните мудрости што Стивен Хокинг им ги кажувал на своите деца.

3. Марија Кири за силата на самодовербата


- Секој од нас е надарен за нешто. Никому животот не му е лесен, но што можеме да направиме во врска со тоа? Во животот треба да се биде истраен и најважно од сè, да се има самодоверба. Мораме да веруваме дека сме надарени за нешто и таа цел, без оглед на цената, мора да се постигне. - Ова е цитат од биографијата на Марија Кири за нејзината ќерка Ева.

4. Бил Нај за најважните работи што треба да ги знаеме за другите луѓе.


- Секој знае нешто што вие не го знаете. Сите луѓе што ќе ги запознаете во животот знаат нешто што вие не го знаете. Автомеханичарите денес пишуваат кодови. Готвачите знаат како бакарните садови ги контролираат протеините во јајцата. Ѕидарите поседуваат знаење за цврстината на материјалите. Почитувајте го нивното знаење. Учете од нив. Така ќе го извлечете најдоброто и од вас и од нив - говорот на Бил Нај што го одржал пред студентите на еден американски универзитет.

5. Нил де Грас Тајсон за пречките во животот


- Еден од моите колеги има дислексија, и тоа е пречка. Што правиш кога трчаш на Олимписките игри и ќе дојдеш до пречка? Ја прескокнуваш! - е одговорот на Нил де Грас Тајсон на прашањето од осумгодишно девојче дали дислексијата ќе ја спречи во намерата да се занимава со наука.

6. Бенџамин Франклин за семејните односи


- Биди нежна кон својата мајка. Колку ќе бидеш повнимателна и пољубезна кон својата мајка, толку полесно ќе ја стекнеш мојата наклонетост - ѝ рекол Франклин на својата ќерка.

7. Предизвикот на Едвард Осборн Вилсон за идните генерации


- Потрагата по знаењето е запишана во нашите гени. Држете ги очите горе, а главата секогаш нека ви се врти. Потрагата по нашето знаење е во нашите гени. Тука ја всадиле нашите далечни предци кои се ширеле низ светот. Таа никогаш нема да исчезне - рекол биологот Едвард Вилсон во ТЕД-разговор со млади научници.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот