X
 13.11.2016 Култура

Статистиките покажуваат: социјалните медиуми имаат корисници од сите возрасти

Неодамнешно истражување спроведено во САД покажало дека 79% од возрасните Американци поврзани на интернет, се корисници на Фејсбук, а 76% од нив ја користат социјалната мрежа секој ден. На второ место по популарност е Инстаграм со 32% корисници од оваа категорија граѓани.

лап топ


Според студијата сѐ поголем е бројот на возрасно население што се активира на социјалните мрежи. Особено изненадуваат 65-годишници и постари кои во голем процент се застапени на Фејсбук и тој број е во пораст во последните 2 години.

график за социјални мрежи

Застапеноста е речиси еднаква и зависно од годишните примања и нивото на обрзование, што значи дека социо-економските фактори немаат голема улога во овој случај.

социјални медиуми

Ова истражување е објавено во моменти кога на големо се дискутира за фактот дека Фејсбук помага на лажните информации да се рашират  многу брзо, со што се креира јавното мислење. Станува збор за претседателските избори во САД кои се пред сé важен елемент за иднината на земјата. Основачот Марк Цукерберг во врска во ова изјавил:

„Лично мислам дека е многу луда идејата дека лажните вести на Фејсбук, кои се во многу мала количина, влијаеле на изборите на некој начин. Гласачите одлучуваат врз основа на нивните животни искуства.“

Поодамнешно истражување покажало дека најголем број вести се добиваат од фејсбук, а 20% од корисниците во САД си ги промениле „политичките погледи или ставовите за социјални прашања“ заради некоја информација на социјалната мрежа.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура