X
 17.05.2016 Живот

Психолошки трикови кои би требало секој да ги знае

Ова се само неколку едноставни трикови кои лесно се помнат, а кои ќе ви помогнат да оставите добар впечаток, да ја подобрите комуникацијата и да блескате тогаш кога ви е најпотребно.


1. Кога една група луѓе се смеат, поединците инстинктивно гледаат кон оној член на групата кој им е најблизок (или со оној со кого сакаат да се зближат).

2. Кога правите нешто што ви предизвикува неудобност или нервоза, грицкајте храна или џвакајте гума за џвакање. Тоа ќе го измами примарниот кортекс во мозокот дека ситуацијата може да се толкува на следниот начин: јадам, значи не сум во опасност.

3. Ако некој е вознемирен, а вие останете смирени, личноста веројатно ќе се налути уште повеќе, но подоцна ќе и` биде незгодно поради начинот на кој се однесувала со вас.

4. Ако некому поставите прашање, а добиете нецелосен одговор, продолжете да гледате во соговорникот. Личноста ќе претпостави дека одговорот не бил доволно добар и ќе продолжи да зборува.

5. Емоционалните изрази на лицето се еден од начините како да ги поттикнете емоциите. Доколку сакате да бидете повесели, насмејте се.

6. Не користете зборови како „мислам“ или „верувам“. Освен што се подразбира, оставате впечаток дека ви недостасува самодоверба.

7. Пред разговорот за работа замислете дека работодавачот е ваш долгогодишен пријател. Вие сте одговорни за тоа како ја доживувате ситуацијата во која се наоѓате: доколку се чувствувате добро, вашето чувство на удобност ќе биде заразно.

8. Доколку сте многу среќни или возбудени што гледате некоја личност, следниот пат кога таа личност ќе ве сретне веројатно ќе биде многу посреќна што ве сретнала.

9. Поголема е можноста некој да ви направи помала услуга доколку пред тоа одбил да ви направи поголема услуга.

10. Многу физички симптоми на стрес се исти како и симптомите на возбуда (тешко дишење, забрзано чукање на срцето). Ако потенцијално неудобната ситуација одлучете да ја доживеете како предизвик, вашиот стрес се претвора во возбуда.

11. Поголемиот дел од луѓето не можат да ја препознаат разликата меѓу брилијантноста и самодовербата. Ако оставате впечаток на личност која знае што прави, луѓето радо ќе се задржуваат во ваша близина.

12. Доколку работите со клиенти, позади вас ставете огледало. Луѓето ќе бидат пољубезни со вас бидејќи никој не сака да гледа намуртено лице.

13. Ако се наоѓате на состанок со повеќе луѓе и очекувате некоја личност да „ве има на пик“, седнете покрај таа личност. Луѓето се помалку сигурни во својата одлука да нападнат некого ако таа личност се наоѓа покрај нив.

14. Кога се наоѓате на првиот состанок, однесете ја личноста на возбудливо место. На тој начин, личноста ќе го поврзува чувството на возбуда со вас.

15. Обидете се да запомните нечија боја на очи за време на средбата. На тој начин ќе го зајакнете својот контакт со очите и поради тоа на личноста повеќе ќе и` се допаднете.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот