X
 18.05.2016 Култура

Рецензија на книгата "Девојката со бисерна обетка" - Трејси Шевалие

obetka

 

Сликарот Јоханес Вермер ја вработува Грит, слугинка да го чисти неговото студио. Тој е воодушевен од нејзиното чувство за уметност дури и тогаш кога таа го поставува зеленчукот на послужавник.


Таа покажува брилијантно напредувачки сензибилитет за неговото сликарство: одбива да ги чисти прозорците бидејќи со тоа ќе ја промени светлината на неговата работа, забележува дека мапата во позадина ќе ја ослаби самата композиција, го поместува синото платно за да го обезбеди потребниот допир за неред на самиот портрет.

Трејси Шевалие го насочува својот роман намерно толку блиску, а истовремено толку далеку. Нејзиниот роман е нешто сосема различно, вонсериско, страствено и полно со идеи. Нејзините ликови се движат помеѓу динамиката и моралите на уметноста, нивните барања од животот, како и борбата жената да ги пронајде своите сопствени вредности и своето место во машката хиреархија, особено во светот на сликарите. Постои силно чувство кое се зголемува со тоа што книгата постојано не` потсетува на социјалните, материјалните и емоционалните детали од животот во Делфт во тоа време, како и од бурната јасност која Грит ја постигнува како протагонистка и раскажувач.

Прристигнувањето на Грит во семејството Вермер е eден вид инвазија. Таа сосема исчезнува од светот во кој живеела претходно. Таа ја прифаќа работата како жртва, меѓутоа потајно е возбудена затоа што нејзиниот татко цел живот ја учел да ја почитува уметноста.

Таа поседува едно нешто кое не може да го има ниту сопругата на Јоханес, Катарина, ниту Марија неговата баба, ниту неговите деца - таа може да влезе во студиото и да живее во светот на Јоханес.

„Жените во неговите слики - тој ги заробува во неговиот свет. Можеш да се изгубиш таму“ - Грит знае дека со тоа што тој ќе го нацрта нејзиниот портрет таа целосно ќе се изгуби. Но, таа одбива да се изгуби со што книгата триумфира, но не и Грит.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура