X
 22.05.2016 Живот

Како да ја подобрите емоционалната интелигенција?

Сте слушнале и претходно: емоционалната интелигенција е најновиот показател за високо успешна личност. Оние кои се емоционално балансирани, во согласност со нивната интуиција и имаат вродена способност да слушаат, да се соживуваат, креативно да решаваат проблеми, можат да го освојат светот.

 

интелигенција


Каде сето тоа ги става луѓето кои се чини дека не наследиле одредена дисциплина за ефикасно справување со стресот, позитивност и воздржаност пред да треба да се обратат во стресни ситуации? Добрите вести се тоа што емоционалната интелигенција, како и самиот коефицент на интелигенција може да биде подобрена со текот на времето преку секојдневна практика.

Ова се советите кои младите претприемачи редовно ги практикуваат за да ја поттикнат нивната емоционална енергија.

1. Бидете благодарни

Најефективниот начин да бидете позитивни во вашата организација е да признаете и да го наградите нечие однесување. Искажувањето благодарност секој ден и тоа како може да го промени вашиот живот. Ми помага да го препознавам, анализирам и ценам доброто во мојот живот, кој ги вклучува луѓето во мојот живот и работите што ги прават - Коди МекКибен

2. Управувајте со вашиот стрес

Само со ладна глава можете да донесувате подобри одлуки, и само тоа ќе ви помогне подобро да го слушате вашиот тим. Како се справувате со високото ниво на стрес може да направи огромна разлика. Контролата на вашите емоции за време на стресни ситуации ви помага да се фокусирате на она што е важно.

3. Комуницирајте со свеста

Емоционалната интелигенција е особено важна кога станува збор за предлози. Потребно е да знаете да ги читате луѓето и да разберете кои техники ги релаксираат, а кои ги отуѓуваат. Јас сум доволно свесен за нивниот говор на телото и тонот на гласот, што ми помага да бидам свесен за емоционалните знаци - Адам Стил

4. Враќајте назад

Можете да ја подобрите вашата емоционална интелигенција со вклучување на организацијата надвор од работното место, кое има за цел да прави добро во замена за ништо. Оставањето да бизнис светот зад себе, за да им се помогне на другите, ви ги отвора очите во врска со секојдневните борби на другите луѓе, што може да ве направи поематична личност. Овие квалитети тогаш ќе бидат прифатени од оние кои работат со вас - Марвин Амберг

5. Размислете за денот кој сте го поминале


На крајот на денот, размислете како поминал вашиот ден. Тоа ќе ви овозможи јасна слика. Деталите лесно можат да бидат занемарени со времето, такашто оваа активност ќе ви помогне да ја одразите вашата секојдневна интеракција и оценувањето на предностите и слабостите. Најлесно е да бидете искрени со себеси додека се`уште сте во моментот - Чарлс Богоиан

6. Набљудувајте ги оние околу вас


Секој е различен. Силната емоционална интелигенција е здрава, трајните односи се формираат знаејќи како да ја вклучите секоја личност. Кога ќе ги сфатите мотивите на луѓето и нивните реакции во разговорите со вас, тогаш можете подобро да сфатите како да ги негувате односите со нив - Карло Киско

7. Поттикнувајте критики


За да бидете емоционално брилијантни, ќе мора да прифатите вредни повратни информации, дури и ако тие се негативни. Во спортивно бизнисот нема да ви успее. Најдобрите идеи често пати доаѓаат од необични места. Но, тоа нема да се случи ако ја затворите вратата на критиката - Ел Каплан

8. Бидете искрени со себеси

Емоционалната интелигенција е способноста точно да ги идентификувате чувствата и емоциите и потоа да ги искористите. Кога разговарате со некого, запрашајте се себеси: „Што чувствувам во моментот? Какви емоции покажува оваа личност?“ Започнете со еден разговор, а потоа ова нека ви стане навика - Брајан Смит

9. Земете здив пред да одговорите

Пред некому да одговорите, направете кратка пауза, земете здив. Оваа едноставна кратка пауза овозможува да го обработите она што тие го кажуваат и покажува дека навистина сте ги слушале - Нил Танедар

10. Редовно вежбајте


За повеќето луѓе тешко е да вежбаат во утринските часови. Но, добро би било кога би издвоиле барем 30 минути за кардио, јога и други вежби пред да започнете со работниот ден. Добрите вежби ослободуваат ендорфин, го зголемуваат вашето расположение и ве става во емотивен начин на размислување да преземете било каков предизвик - Дастин Кавано

11. Очекувајте го најдоброто

Што ако знаевте дека секоја личност во светот се обидува да го направи најдоброто што може? Оваа перспектива предизвикува непосредна и моќна промена во сочувството. Ќе слушате и ќе се поврзете повеќе кога ќе очекувате луѓето да го направат најдоброто што можат - Картер Томас

12. Медитирајте


Постои нешто длабоко моќно во тишината. Со медитацијата човек станува поематичен и поинтуитивен и во согласност со светот околу себеси - Дара Брустејн

13. Барајте значење

Важно е да разгледате каков бил вашиот ден за подобро да разберете што се случило и што би можеле да направите подобро. Побарајте значење во реакциите на луѓето - ќе ви каже многу за тоа што тие размислуваат - Енди Каруза

14. Достоинствено не се согласувајте

Ако не се согласувате со одредена одлука и треба да ви биде претставена друга алтернатива, прво ставете се на местото на другата личност и размислете за тоа како би сакале некој да ви пристапи. Дали би сакале да разговарате сами или групно за време на состанокот? Секогаш имајте обзир кон другата личост - Шаре Фоуладгар-Мерсер

15. Држете се до вашата мантра


Ако вашата мантра често ви помогнала во животот тогаш држете се до неа. Често пати соочени сме со луѓе и ситуации кои претставуваат вистински предизвик. Токму со нашите постапки, начинот на кој чувствуваме, размислуваме и дејствуваме можеме да направиме разлика - Стенли Мејтин
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот