Младински образовен форум објави повик за пријавување на учесници на работилница „Students and Public Space: Design Challenge” Работилницата ќе трае три дена, а ќе се одржи на 3, 4 и 5 јуни 2016 година во канцелариите на МОФ. Темата на работилницата е осмислување на практични решенија кои ќе бидат применливи на јавните простори на универзитетските кампуси или студентските домови.
Јавен простор претставува локација која е наменета да му користи на секој граѓанин. Дизајнот помага преку алтернативни решенија и физички интервенции граѓаните да се инволвираат и заинтересираат за промена на истиот со што би се пренаменил во попристапен и попрактичен простор во корист на луѓето кои што живеат во одредена средина. Преку оваа работилница учесниците ќе имаат можност да креираат продукти чија цел е олеснување на престојот на студентите на универзитетите и студентските домови. За важноста на јавниот простор зборува и биеналниот натпревар „Европска награда за урбан јавен простор“.
Учесниците треба да се пријавуваат во тимови на следниов
линк. Во текот на целиот процес студентите ќе бидат менторирани од страна на помлади архитекти и студенти по индустриски дизајн. Тимовите треба да се состојат од максимум четворица студенти кои ќе работат на едно идејно решение, а по завршувањето на работилницата најдобрите идеи ќе бидат реализирани со финансиска помош од страна на МОФ.
На оваа работилница учесниците ќе можат да се запознаат со дел од процесот на дизајнирање на производите со цел да создадат производ чија задача ќе биде да го олесни животот на студентите во просторот во кој творат, учат и го минуваат времето за време на своите студии. Дизајнот е процес од кој излегуваат различни форми на продукти, а учесниците во текот на овие три дена ќе имаат можност да се запознаат со истражување, размислување, моделирање, прилагодување и ре-дизајн што ќе им помогне да дојдат до финален продукт.
Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Материјалите за работа ќе бидат обезбедени од страна на МОФ. Обуката ќе се одвива на македонски јазик, а се повикуваат студенти кои студираат индустриски дизајн, архитектура и дизајн на мебел и ентериер. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните апликанти веднаш по истекот на рокот за пријавување кој е до 27 мај 2016.
За повеќе информации контактирајте не на 02/3139 692 или на Aleksandra_filipova@mof.org.mk