X
 21.12.2024 Живот

Кои се џуџињата што работат во работилницата на Дедо Мраз и како станаа незаменлив дел од божиќната приказна?

Секое дете знае дека Дедо Мраз е задолжен за исполнување на желбите, а неговиот лојален тим, џуџињата, е одговорен за подготовка на подароците.

Овие весели мали работници со шилести уши станаа суштински дел од божиќната традиција, но од каде всушност потекнуваат и како почнале да работат за Дедо Мраз?

Во германската митологија џуџињата се мали суштества кои ги штитат добрите луѓе од злото. Слично на самовилите, тие поседуваат магична моќ, но понекогаш се склони кон зло.

Според некои легенди, тие можат да направат штета со цел да си поиграат со луѓето, но во основа се заштитници.

Интересно е што Дедо Мраз во божиќната песна од 1823 година - „Посета на Свети Никола“ (попозната како „Ноќ пред Божиќ“), бил опишан како џуџе, и тоа потврдува дека овие мали суштества имале посебен статус во божиќните приказни.

Како џуџињата станале дел од Божиќ?


Првата популарна асоцијација на Дедо Мраз со џуџињата се случила во 1857 година кога магазинот „Харперс викли“ ја објавил приказната „Чудата на Дедо Мраз“, во која се тврди дека има голем број џуџиња во работилницата на Дедо Мраз кои прават подароци.

Оваа идеја постепено станувала сè попопуларна, а уметникот Норман Роквел го прикажал Дедо Мраз во друштво на овие магични суштества како прават играчки за деца.

Низ годините нивната улога се развивала и сè повеќе станувале симбол на божиќната магија и љубов. Денес, џуџињата нè потсетуваат на важноста на заедништвото, традицијата и радоста што ги носи празничната сезона и станаа незаменлив дел од божиќните приказни и обичаи.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот