X
 02.08.2019 Технологија

Бришењето на „Фејс Ап“ не значи дека ги заштитивте вашите лични податоци

Минатата недела, апликацијата „Фејс Ап“ повторно стана популарна, станувајќи најпреземана бесплатна апликација.

Но, грижите за приватноста брзо се зголемија поради условите за користење на апликацијата. Секој што се согласува со условите, на „Фејс Ап“ му дава пристап до нивните фотографии и име.

Дел од условите наведуваат дека корисниците ѝ дозволуваат на компанијата неотповиклив пристап до употреба, репродукција, менување, прилагодување, објавување, дистрибуирање на било кое име, корисничко име или нешто слично.

fejs ap
Фото: Forbes

- Доколку ја избришете програмата, тоа едноставно значи дека не можете да ја користите, но не и дека сте ги заштитиле вашите приватни податоци - вели Џен Кинг, директорка на Центарот за приватност на корисниците на Правниот факултет при Универзитетот Стенфорд.

Таа додава дека компанијата не знае дека сте ја избришале апликацијата и со самото тоа не е предупредена дека треба да ги избрише вашите податоци.

Одредени компании, меѓу кои и „Фејс Ап“, на корисниците им дозволува да испраќаат барање за бришење на нивните информации од базата на податоци. Но, останува нејасно колку време ѝ е потребно на техничката служба да го регистрира вашето барање.

Така на пример, „Фејсбук“ вели дека се потребни до 90 дена за да ги избрише сите податоци што ги има за вас. Исто така, некои компании велат дека може да избришат само одредени податоци.

Надлежните органи пропишуваат обврски на компанијата поврзани со заштита на податоците на корисниците. Законската регулатива на Европската унија донесена во мај 2018 година, значително ги заостри критериумите за заштита на личните податоци.

- Корисниците му дадоа на „Фејс Ап“ неотповиклива лиценца да прават што сакаат со која било содржина што ја поставиле корисниците. Тие технички не ги поседуваат вашите фотографии, но во основа имаат неограничени права за нив - вели адвокатката Мелиса Бреке.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија