X
 25.05.2016 Култура

Зошто небулозните научни истражувања стануваат вести?

новинар

 

Ве нервираат вестите за небулозните научни истражувања со кои медиумите се преполни? Од тоа дека кафето го лекува ракот, дека му штети на срцето или дека е лошо за сонот, секој текст започнува со: „Истражувањата покажуваат...“.


Вавите истражувања можат да не' наведат да мислиме дека научниците се занимаваат со глупости. Ова секако не е точно, објаснува Џон Оливер во неговата емисија „Last Week With John Oliver“.

Научниците работат под голем притисок да објавуваат, колку што можат повеќе и во што повеќе престижни научни публикации. Поради тоа се концентрираат на истражувачки експерименти, наместо на експерименти со кои се проверуваат постоечките факти. За нивните истражувањата да се објавени, тие мораат нешто да откријат. Ако не откријат ништо ново, тогаш нивното истражување воопшто не е интересно.

Затоа многу научници прават нешто што се нарекува „P-Hacking“, а во слободен превод значи местење на статистичките податоци. Во статистичката табела тие внесуваат различни варијабли од нивното истражување и тогаш ги поврзуваат со варијаблите кои не се директно поврзани. Така можат да добијат резултати како на пример тоа дека љубителите на чоколадото се високи луѓе, а луѓето кои сакаат метал, најчесто имаат риба како домашно милениче. Резултатите се „дотеруваат“ во текстот, а кога ќе дојдат до рацете на новинарите, тие додаваат уште нешто, со што се презентираат на читателите.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура