Многу се сменило од првиот паметен телефон кој бил направен до оние телефони кои ги користиме денес. Но, ваков телефон се` уште не е виден. Станува збор за уред наречен RoBoHoN, направен од компанијата „Sharp“ од Јапонија.
Компанијата успеала да интегрира повеќе уреди во еден апарат. Освен што е многу корисен, овој телефон е и интересен бидејќи може да пее, зборува, а изгледот му овозможува и да шета. Така, овој уред би можел да ве буди наутро со убави зборови, а навечер да ви посакува добра ноќ.
Освен тоа, овој паметен телефон може да се јавува, да испраќа пораки и да вклучува апликации, да повикува такси и слично.
RoBoHoN навистина се грижи за својот сопственик бидејќи тој може да почувствува дури и кога плачете. Кога сакате да се расположите, овој уред може многу бргу да се претвори во проектор или џубокс и да направи атмосфера на мало кино во вашиот дом.
Цената на уредот е 1.800 долари, што е двојно повеќе од последниот модел на ајфон. Дали мислите дека вреди толку?