Во француското село Ле Пертус, кое се наоѓа во близина на границата со Шпанија, живеат околу 590 жители. Тие профитираат од географската поставеност на селото, односно од тоа што селото се наоѓа на границата.
Се прашувате како? Од паркинг.
Жителите од регионот одат во селото, ги паркираат автомобилите и пеш одат во Шпанија. Таму купуваат храна, намирници за домаќинство, облека, како и сè што е поевтино отколку во Франција.
Последните статистики покажуваат дека селото има приходи од 780 илјади евра само од паркинг, што значи 1.350 евра за секој жител.
Така, општинските власти одлучиле да го укинат данокот за жителите на селото. Треба да се напомене дека оваа година граѓаните мораа да платат повеќе од 320 илјади евра данок на имот, па одлуката на властите позитивно влијаеше врз нивните
животи.