X
 11.06.2016 Живот

Тајната на Јапонците за добро воспитување на децата

deca

 

Без сомнение, Јапонија е навистина фасцинантна земја. Јапонците никогаш не престануваат да го изненадуваат останатиот дел од светот со својата упорност, само-контрола, нивните напори да живеат во хармонија со природата и нивното чувство за единство и национален идентитет. Ова се само неколку примери од долгата листа на нивните добро развиени карактерни црти. Особини кои би било добро да ги имаат повеќето од нас.


Една од првите работи кои ќе ви паднат во очи доколку ја посетите оваа земја е извонредниот степен на разбирање помеѓу генерациите. Се чини дека јапонските деца никогаш не се нервозни и бесни. Една од главните причини за ваквата идилична состојба е вековната традиција која ги обврзува родителите секогаш да ги држат малите деца во нивна близина.

Од дамнешни времиња, јапонските мајки успевале да ги извршуваат нивните домаќински обврски и истовремено да се грижат за своите деца. Во минатото, мајките ги врзувале своите бебиња на телото со специјален појас. Додека ги носеле своите деца наоколу тие разговарале со нив, објаснувајќи им што да прават. Ова им помагало на децата да се развиваат и со тоа тие биле вклучени во секојдневниот живот на нивните семејства уште на рана возраст. Како резултат на тоа, децата често пати започнувале да зборуваат дури и пред да научат да одат.

Дури и во денешно време, каде и да оди јапонската мајка, што и да прави, таа го држи до себе своето бебе, врзано или на стомакот или на грбот.

Обично, детето во Јапонија првите три години ги поминува постојано со неговата мајка, пред да биде запишано во градинка. Постојат градинки во Јапонија, меѓутоа повеќето родители сакаат да се грижат за своите деца дома и не е прифатливо за децата да се грижат бабите и дедовците.

Уште од најрана возраст, детето учи да биде внимателно со чувствата - како со своите, така и со чувствата на другите луѓе, па дури и со чувствата на предметите во домаќинството. На пример, ако едно момче е немирно и ја крши омилената играчка, неговата мајка нема да го искара бидејќи е немирен. Наместо тоа, таа ќе му рече: „Гледаш што направи? Сега играчката е во болка!“

Во Јапонија, мајките не мораат да го сносат целиот товар на воспитувањето на своите деца - татковците со задоволство им помагаат и се обидуваат да поминат колку што можат повеќе време со нивните деца. Децата постојано се опкружени со родителска љубов. Мајките и татковците не им викаат на своите деца, ниту пак користат физички казни. Истовремено децата навистина се каат ако некогаш ги вознемират своите родители.

Уште од најрано детство, Јапонците учат за важноста да не ги вознемируваат другите луѓе, да бидат љубезни и да очекуваат другите да бидат љубезни.

Децата никогаш не чувствуваат недостаток на родителска љубов и грижа. Рано во животот учат за принципите и животот во колективно општество. Секако, овој систем на воспитување се разликува многу од оној кој се користи во другите земји. За некои, можеби изгледа само-контрадикторно. Но, стар е со векови и тестиран начин за создавање на дисциплинирани, патриотски и одговорни граѓани.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот