Истражувачи од универзитетот „Michoacan“ во Мексико создале нов вид цемент кој свети. Овој цемент би можел да се користи за осветлување на улиците и зградите без да се користи електрична енергија.
Тимот користел материјали кои се користат во обичниот цемент, но со нив додале и додатоци кои ги модифицираат карактеристиките на цементот, со што тој свети ноќе. Фосфоресцентните материјали, кои биле искористени во овој цемент, ја апсорбираат енергијата од радијацијата, а подоцна ги испуштаат како светлина која се гледа само во темница.
„Scientific American“ пишува како функционира процесор:
„Научниците успеале да го спречат создавањето на кристали кои се формираат обично во текот на производството на цемент со тоа што искористиле додатоци, а со тоа создале материјал со некристална структура - слична на стаклото - со што се овозможува минување на светлината внатре.“
Тимот тврди дека цементот ќе може да апсорбира доволно енергија за да остане осветлен до 12 часа, дури и кога е облачно. Сепак, тие додаваат дека треба да се доистражи и стабилноста на цементот и мора да се истражи како може да се поправи кога е оштетен.
Порано беа произведени слични
производи. Во Холандија беше изградена една велосипедска патека со камења обоени со фосфоресцентна боја. Разликата е во тоа што овде самиот цемент има фосфоресцентни карактеристики во него.