Тинејџерите поминуваат многу часови секој ден гледајќи во екраните на паметните телефони, најчесто прелистувајќи содржини на социјалните мрежи како „Инстаграм“. Намалувањето на времето поминато на социјалните мрежи може да ја подобри нивната слика за нивната тежина и нивниот изглед, открива ново истражување.
Научен тим од Истражувачкиот институт во Источно Онтарио спровел истражување на 220 тинејџери и млади луѓе кои поминувале најмалку два часа дневно на своите телефони. Станува збор за млади луѓе на возраст од 17 до 25 години, кои имале и симптоми на депресија или анксиозност.
Од учесниците било побарано да одговорат на повеќе изјави за нивниот целокупен изглед и тежина, а потоа да пополнат сличен прашалник. Во текот на првата недела на учесниците им било кажано да ги користат своите социјални мрежи како вообичаено. Потоа, на половина им беше наложено да се обидат да ја намалат употребата на социјалните мрежи на најмногу 60 минути дневно.
Фото: Pixabay
Во текот на следните три недели, оние на кои им било наложено да го ограничат користењето на социјалните мрежи го намалиле за околу 50 отсто, во просек од 78 минути дневно. Во меѓувреме, контролната група, на која ѝ било кажано да користат социјални мрежи без промена, поминувале во просек повеќе од три часа дневно на социјалните мрежи.
Истражувањето покажало дека оние што го намалиле времето на социјалните мрежи имале значително подобрување во ставовите за нивниот целокупен изглед и телесната тежина. Контролната група, пак, не покажала значителни промени.
Научниците посочиле дека помалата употреба на социјалните медиуми може да помогне во добивањето позитивен ефект врз сликата за телото кај ранливите, млади луѓе.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay