X
 07.10.2021 Култура

МНТ со претставата „Само глас“ гостува на фестивал во Србија

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак, на 12 октомври ќе гостува на меѓународниот театарски фестивал Јоакимфест во Србија. Фестивалот „Јоакимфест“ се одржува секоја есен во Крагуевац, а опстојува веќе 15 години.

- Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики - соопштија од МНТ.
 
Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери (Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ) надвор од границите од нашата држава, а домаќин и организатор на Фестивалот е Кнежевско-српскиот театар - Крагуевац.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура