Настинките ги заобиколуваат, имунитетот им е силен, епидемијата на грип не им може ништо... Која е тајната на ваквите личности?
Истражувањата покажуваат дека тоа се должи на навиките што ги следат.
Одат на спиење порано
Луѓето што спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус во споредба со оние што спијат седум часа или помалку, според експертите. Телото се обновува ноќе и ги балансира хормоните на стрес, кои нѐ прават поподложни на разни инфекции.
Јадат „шарена“ храна
Ако не јадете храна во различни бои, нема да ги имате сите потребни антиоксиданси и да му помогнете на телото да се одбрани од вируси. Вашата чинија нека содржи овошје и зеленчук како тиква, сладок компир и морков, зелен листест зеленчук, цитрусни овошја и бобинки, кисела зелка и пиперки, бадеми и други јаткасти плодови.
Пијат зелен чај
Студија спроведена во Америка покажала дека луѓето што пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон, моќен протеин кој ги уништува вирусите што нѐ напаѓаат. Покрај отпорноста на болести, зелениот чај, како една од најбогатите намирници со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.
Земаат пробиотици
Добрите бактерии во нашите црева се важни за имунитетот. Ако не сакате да земате додатоци кои содржат пробиотици, вклучете повеќе ферментирана храна, јогурт или кисела зелка, на пример. Едно од алтернативните и највкусни решенија е кимчи (традиционален корејски прилог кој се состои од солени и ферментирани зеленчуци, најчесто напа зелка или корејска 'рдоква).
Не го допираат лицето
Ако се одвикнете од тоа да ги триете очите, носот и да ја чепкате устата со рацете, ќе го намалите ризикот од респираторни вирусни инфекции за 41 отсто, покажува истражување. Редовно мијте ги рацете, а за време на сезоната на грип плакнете ги носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да ги исчистите несаканите честички.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik