X
 10.10.2022 Спорт

Компјутер пресмета колкави се шансите Македонија да се пласира на ЕП 2024

Репрезентацијата на Македонија има 5,8 отсто шанси директно да се пласира на Европското првенство во фудбал во 2024 година, според резултати од статистичка анализа на „Ви глобал футбал“.

Веб-страницата направила компјутерски калкулации за шансите за пласирање на секоја селекција. Македонија е во група со Италија, Англија, Украина и Малта. Од нив најголеми шанси за пласман има Италија - 87,6 отсто. По неа следува Англија со 86,16 отсто.

Според пресметките, шансите на Малта за пласман се најмали во групата и изнесуваат 0 отсто. Македонија има 5,80 отсто шанси, а Украина 20,44 отсто шанси за пласман.



Извор: We global football
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт