X
 22.11.2022 Спорт

Парламентот и училиштата нема да работат за првиот натпревар на Хрватска во Катар

Хрватска утре ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Катар. На натпреварот Хрватска ќе се соочи со Мароко, а тој почнува во 11 часот наутро, по средноевропско време.

Со оглед на терминот, многу граѓани на Хрватска нема да може да го следат натпреварот бидејќи ќе бидат на работното место. Меѓутоа, тоа нема да биде пречка за пратениците во хрватското собрание. Имено, било одлучено парламентарците да имаат двочасовна пауза додека трае натпреварот.

- Ќе започнеме нормално со работа во 9:30 и потоа ќе направиме пауза од 11 до 13 бидејќи тогаш е фудбалскиот натпревар Хрватска - Мароко - изјавил претседателот на собранието, Гордан Јандроковиќ.

Дел од пратениците не се задоволни од одлуката, а Јандроковиќ им порачал да прават нешто друго во тој период.

Освен тоа, Радован Фукс, хрватскиот министер за наука и образование, потврдил дека во училиштата ќе биде дозволено да се гледа натпреварот доколку се согласи мнозинството од учениците. Тој додал дека изгубениот материјал ќе мора да биде надоместен.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт