Сите знаеме дека бактериите може да оживеат од сѐ, од мраз до седимент од дното на морето стар 100 милиони години. Знаеме и дека можат да преживеат на Марс.
Сега нова студија открива дека тие може да преживеат и без храна. Студијата била направена од страна на професорот Џеј Ленон од Универзитетот во Индијана и на околу 100 популации различни бактерии во затворени системи не им била давана храна илјада денови.
Тимот следел колку долго бактериите можат да преживеат додека се прегладнувани и утврдил дека повеќето од нив останале живи.
- Поголемото прашање за тоа како бактериите можат да преживеат долг период со ограничена енергија е важно за разбирање на хроничните инфекции кај луѓето и други домаќини и е поврзано со тоа како некои патогени толерираат лекови како антибиотиците - истакна Ленон.
Бактериските инфекции се тешки за третирање делумно затоа што бактериите често може да влезат во летаргична или заспана состојба (состојба со ограничена енергија), која ги прави помалку чувствителни на третмани со лекови. Во таа состојба тие може да развијат и отпорност на антибиотици.
Во студијата, Ленон и неговиот тим откриле дека бактериите со ограничена енергија може да имаат животен век до 100.000 години.
- Очигледно овие предвидувања може да траат многу подолго отколку што може да се измери - додава Ленон.
Но, истражувач наведува дека бројките се совпаѓаат со годините на бактериите што биле извадени од прастари материјали како пермафростот и седиментите од дното на најдлабоките океани.
Истражувачите претпоставуваат дека бактериите имаат многу механизми за зачувување на енергијата како неактивност. Некои бактерии дури и можат да се хранат од мртвите роднини за да преживеат.
Што значи сето ова за луѓето? Значи дека бактериските инфекции се поопасни од кога било и дека тоа што климатските промени оживуваат некои прастари бактерии за нас може да значи уште повеќе грижи.
Извор и насловна фотографија:
Interesting Engineering