Во изминатиот период матурантите ги добија резултатите од матурските испити, по што следуваше извесен период во кој учениците што не беа задоволни од оценката имаа право на приговор.
Специфично за средниот успех од екстерните предмети од матурата 2022 г., е тоа што оваа година изнесува 3,78, што е за 0,17 повисок од минатата учебна година (3,61).
Конечните средни успеси што ги постигнале учениците на екстерните предмети што се полагаа оваа година се:
- македонски јазик и литература - полагале 10.758 ученици, а средниот успех е 4,13.
- албански јазик и литература - полагале 4.050 ученици, а средниот успех е 3,63
- англиски јазик - полагале 13.758 ученици, а средниот успех е 3,48 и
- математика - полагале 1221 ученик, а средниот успех е 4,18.
Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Елизабета Наумовска, за Факултети.мк изјави дека генерално вкупниот просек на полаганите предмети бил зголемен, освен по предметот филозофија.
- Исто така, голем број од учениците што поднесоа приговор до ДИЦ се ученици со одлични оценки кои се борат за подобар перцентил, со цел да се запишат на медицинските факултети - објасни директорката Елизабета Наумовска.